Температурните разлики им донесоа проблеми на раноградинарите
Температурните разлики создаваат проблеми на раноградинарите. Некои од нив веќе ги пресметуваат штетите …

Со доаѓањето на пролетта струмичките градинари, поголемиот дел од денот го поминуваат на поле, под пластеници, или на отворено. Ниските температури изминативе денови ги загрижуваат, а некои од нив веќе ги согледаа штетите. Велат дека високите дневни и ниските ноќни температури донесоа и закани за раноградинарството.
Поради ваквата температурна разлика, се наметнува прашањето-кога родот би стигнал на пазарите? Не само температурите, земјоделците нагласуваат дека заштитата игра клучна улога, до потрошувачите да има квалитетно производство.
Раноградинарите велат дека и годинава, доматот, краставицата и пиперот, остануваат најзастапени од струмичкиот регион. Но, како и секоја година најмногу ги загрижува пласманот и цената.
Стојне Митева
