Македонија

Кога ќе се спомене урбанизам сѐ почесто се помислува на корупција

12.04.2021 14:50

Кога ќе се спомене урбанизам сѐ почесто се помислува на корупција, тоа само по себе е сигнал дека во оваа област има големи ризици за појавата на коруптивни дејствија, покажуваат анализите на Коалицијата за правично судење. Пример за ваква корупција е случајот со продажбата на земјиштето кај „Холидеј ин“, вели првата антикорупционерка Ивановска...

Земјиштето кај „Холидеј ин“ наместо да се даде на сопствениците согласно Законот за денационализација, државата со промените во законот за право на располагање со него, го продава како градежно земјиште, вели првата антикорупционерка Ивановска. И дури потоа сопствениците се информираат дека земјиштето е продадено.

Анализите на Коалицијата за правично судење покажуваат дека таквите ризици се во бројноста на институциите и на прописите кои ја уредуваат оваа област, особено дискреционите овластувања.

Во Општина Карпош на пример, 30% од граѓаните како најголем свој проблем ја посочуваат градежната експанзија, а тоа е областа за која бараат најмногу бесплатна правна помош, велат од Фондацијата отворено општество.

Градоначалникот на оваа општина вели дека за жал голема е недовербата на граѓаните во локалните власти. Тие бараат работата да им ја заврши лично градоначалникот, зашто немаат доверба во службениците.

Анализите покажуваат дека е потребно дополнително уредување на одредбите кои се однесуваат на постапките за избор и донесување на урбанистичките планови како и нивно запирање и најважното, учеството на јавноста.

 

Фиљана Кока