Пазар на труд

Намалена понуда на квалификуван кадар, 54% од невработените немаат образование

12.04.2021 14:56

Бизнис секторот се соочува со намалена понуда на квалификуван кадар, наспроти побарувачката за потребите на компаниите. Од вкупниот број невработени, 54 насто се без образование. Стопанската комора ќе работи на анализи за прилагодување на образованието кон соодветно продуцирање на потребните кадри...

Пандемијата ги промени и барањата на бизнис сектор за квалификуван кадар. Во скопскиот регион има и понуда и побарувачка, но ги нема работните вештини што им се потребни на фирмите, утврдиле анализите. Во источниот и пелагонискиот крај се бараат работници, но на пазарот на труд недостигаат соодветни профили.

Ефикасното обезбедување има клучно значење за конкурнтноста на домашниот и странски пазар. Со висока динамичност во бизнисот и ниска стапка на невработеност единствено може да се пофали југоисточниот дел на земјава. Стопанската комора ќе прави анализа.

Познавачите долго предупредуваат дека немање соодветен квалификуван кадар ги кочи бизнисите. Од комората очекуваат анализата да ги има заедничките ставови на бизнис секторот и на државата, да биде основа за стратегиите околу идните вложувња и вработувања.

Од вкупниот борј невработени според статистиките на Агенцијата за вработување, над 50 насто се без или само со основно образование.

Сузана Фиданска Стоевска