Фудбал – Прва лига

Вардар го отвара и „Исток“

20.03.2014 15:01

Иако најави дека согласно договорот со Шкендија според којшто ќе нема организирано доаѓање на гостински навивачи на неделното дерби, во Вардар сепак решија да ја отворат и источната трибина и тоа за симпатизерите на тетовската екипа.

Во Вардар немаат намера никого да дискриминираат и да не му дозволат присуство на меќот, но за да се избегнат евентуални инциденти, билетите ќе се продаваат според законот за спречување на насилство, значи со лична карта. Ваквото решение е на предлог на МВР за да нема мешање на приврзаниците на двата клуба на северната трибина на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје.

Натпреварот Вардар – Шкендија од 23-то прволигашко коло со коешто ќе стартува третиот дел од сезоната ќе се одигра в недела во 16 часот со пренос на МРТ собранискиот сервис.