Македонија

Владата ќе ја одржи редовната 65-та седница

13.04.2021 09:38

Владата денеска напладне преку видеоконференциска врска ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневниот ред, соопштуваат од владината прес- служба...

Владата денеска напладне преку видеоконференциска врска ќе одржи редовна седница со повеќе точки на дневниот ред, соопштуваат од владината прес- служба.

На 65-тата седница, според предложениот дневен ред, министрите, на предлог на Министерството за образование и наука ќе го разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.

На седницата на Владата, ќе се разгледува и Информацијата за реализација на проектот за изградба на Интерконективен гасовод меѓу Република Северна Македонија и Република Грција поднесена од Акционерско друштво за вршење на енергетски дејности „Национални енергетски ресурси“- Скопје во државна сопственост.