Кривичен суд
Денеска пресуда за случајот „Трезор“
13.04.2021 09:54
Првообвинет е поранешниот директор на управата Сашо Мијалков. Во завршниот збор, Обвинителството истакна дека наместо МВР да направи директна набавка на опремата, таа била договорена преку друга фирма-посредник.

Во скопскиот Кривичен суд треба да биде изречена пресудата за предметот „Трезор“, кој се однесува на злоупотреба на средства од државниот буџет за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на УБК.
Првообвинет е поранешниот директор на управата Сашо Мијалков. Во завршниот збор, Обвинителството истакна дека наместо МВР да направи директна набавка на опремата, таа била договорена преку друга фирма-посредник.
Според одбраната, обвинението е засновано врз претпоставки и побара ослободителна пресуда.
