28 прекршувања на забраната за движење, 431 санкција за неносење маска
13.04.2021 10:17
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата...

Од 20.00 часот до 05.00 часот констатирано е дека 28 лица не ја почитувале забраната за движење, соопштуваат од МВР. Во текот на изминатото деноноќие пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 431 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид- 19.
