Ковид-19

Експерти на ЕМА ја проценуваат руската „Спутник В“

13.04.2021 10:25

Претставниците на европското регулаторно тело, кое иницираше анализа на руската вакцина во почетокот на март, посетија две клиники каде што се спроведуваат третите клучни фази од клиничките испитувања на вакцината, и производствените капацитети.

Експерти од Европската агенција за лекови престојуваат во Москва за да ја проценат ефикасноста на вакцината „Спутник В“ против Ковид-19, и да дадат одговор- дали конечно ќе биде одобрена за употреба во ЕУ.

Претставниците на европското регулаторно тело, кое иницираше анализа на руската вакцина во почетокот на март, посетија две клиники каде што се спроведуваат третите клучни фази од клиничките испитувања на вакцината, и производствените капацитети.

Претходно Унгарија, како членка на Унијата, по кратка постапка ја одобри руската вакцина на национално ниво, а во меѓувреме интерес за договор со Русија покажаа и уште неколку други земји на ЕУ.