Минеаполис: Полициски час по убиство на афроамериканецот Рајт
По 20-годишното момче била распишана потерница. Бил предупреден пред да биде застрелан. Американскиот претседател Џо Бајден, повика на истрага за инцидентот и рече дека мирните протести се разбирливи, но нема оправдување за насилството.

Полициски час во Минеаполис по насилните немири што избувнаа за време на протестот по убиството на афроамериканецот Донте Рајт. Беше застрелан од полицајка при рутинска проверка откако дал отпор при апсењето и се обидел да избега со возилото.
По 20-годишното момче била распишана потерница. Бил предупреден пред да биде застрелан. Американскиот претседател Џо Бајден, повика на истрага за инцидентот и рече дека мирните протести се разбирливи, но нема оправдување за насилството.
Во меѓувреме тече судење за полицаецот кој минатата година во Минеаполис смртно го застрела афроамериканецот Џорџ Флојд.
