Македонија

Организаторите на настани и денеска на протест

13.04.2021 10:51

Според официјалните податоци од завршните сметки, „ивент индустријата“ минатата година ја завршила со 62 насто загуби. Бараат од државата да бидат вклучени во некои од грантовите за помош.

Организаторите на настани и денеска на протест пред Владата, незадоволни од како што велат, немањето слух за нивните проблеми. Блокадата на сообраќајницата пред Владата е од 12 до 15 часот.

Според официјалните податоци од завршните сметки, „ивент индустријата“ минатата година ја завршила со 62 насто загуби. Бараат од државата да бидат вклучени во некои од грантовите за помош.

Од Асоцијацијата истакнуваат дека се загрозени голем број на работни места во преку 150 компании од ваков тип. Од Владата одговараат дека се обезбедени средства за организација на поголем број настани од јавен интерес.

Овие компании не се исклучени ниту од досегашните мерки за поддршка, ниту од петтиот пакет што треба наскоро да биде донесен, појаснуваат од Владата.