Избегнувајте ги негативните луѓе, тие постепено ве блокираат и ве уништуваат

13.04.2021 10:59

Избегнувајте ги луѓето кои ве трујат со негативности, кои имаат црни сценарија за се што се случува, кои уживаат да предвидуваат катастрофи и кои уживаат во „драма“ ситуации. „Отровни“ се и луѓето кои никогаш немаат убав збор за вас, без разлика колку сте добри и што се сте сториле за нив.

Секој од нас почуствувал непријатно чувство покрај луѓе кои постојано се жалат, негодуваат, навредуваат други, критикуваат се и сешто. По извесно време поминато со нив се чувствуваме исцрпено, лошо, како исцеден лимон. Токму затоа иако ви се блиски роднини, пријатели или колеги треба да се заштитите.

Ако не можете сосема да ги избегнете барем одржувајте дистанца колку е можно повеќе од негативни луѓе, луѓе кои повредуваат туѓи чувства, и кои што немаат нималку осет за други луѓе. Таквата дистанца е важна за менталното и емоционалното здравје.

Избегнувајте ги луѓето кои ве трујат со негативности, кои имаат црни сценарија за се што се случува, кои уживаат да предвидуваат катастрофи и кои уживаат во „драма“ ситуации. „Отровни“ се и луѓето кои никогаш немаат убав збор за вас, без разлика колку сте добри и што се сте сториле за нив. И луѓето кои постојано ве потценуваат во вашите намери сметајќи се за поважни и поголеми од вас.

Треба да се држи растојание и од луѓето со маска на лицето пред вас, еден ден се топли, друг пат студени, обично имаат многу поголем план кој дури понатаму ќе го разберете. Не ви се потребни ниту луѓето за кои не постоите се додека не им затребате, а тогаш ќе чуете најпофални зборови, ќе сфатите што значи потпикување и колку тоа оди на нерви. Бидете подалеку и од луѓе на кои туѓите соништа ништо не им значат, луѓе коишто не ги оствариле своите сништа, па за утеха осознаваат дека може да им ги уништат идеалите и на другите. Не бидете блиску до луѓе на кои сте им последна опција во животот, па со тоа ви покажуваат на кое место сакаат да ве видат и за што ве сметаат. Како давеник за сламка ќе се држат за вас и ќе ви ги упрапастат и времето и слободата, ќе ве направат да имате грижа на совест и да го правите тоа што тие го сакаат.

За вашето друштво не се добри ниту луѓето кои никогаш нема да се завземат за вас, иако ја гледаат неправдата што ја трпите, а тоа ништо не им значи и не ги допира. И оние што постојано озборуваат пред вас, кога ќе заминете ќе ве озборуваат и вас.

Истражувањата покажуваат дека негативната енергија создава негативни емоции, а тие се почеток на многу здравствени проблеми. Негативната енергија влијае на состојбата на мозокот, да ги гледаме само лошите работи, а да не ги забележуваме добрите. Лутината , цинизмот и непријателството, предизвикани од туѓите влијанија лошо влијаат на севкупното здравје, на притисокот, на имунолошкиот систем. Кога сме опкружени со луѓе кои од нас ја црпат менталната енергија, во телото се ороз за стресот, анксиозноста, главоболките и лошата циркулација.

Недовербата е погубна за човечкиот организам, го јаде човекот одвнатре. Во истражување од 2014 објавено во часописот „ Неврологија“ цинизмот се поврзува со голем ризик од деменција, а тоа не е случај со смирените луѓе. Истражувањето од 2009 год. извршено на 100 илјади жени докажало дека тие поради негативни емоции имале повеќе срцеви заболувања. Но, не е проблемот во тоа што негативната енергија лесно се шири и се превзема, туку во поминатото време со негативни луѓе. Луѓето почнуваат да ги превземаат нивните изрази на лицето, држењето, па дури и начинот на зборување од своите колеги, пријатели со кои најчесто го поминуваат времето.

Кога ќе научите да одржувате растојание од такви луѓе, ќе сфатите колку е убав животот без нив и колку е скапоцено времето поминато со вистински луѓе.

Соња Стојановска