Средба Нимиц – Јолевски – Василакис на 26. март во Њујорк
Медијаторот на ОН во разговорите за спорот за името Метју Нимиц свика нова средба со претставниците на Македонија и на Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, за 26 март во Њујорк.
Во кусото соопштение на Обединетите нации се информира дека двете страни ја прифатиле поканата.
Според веќе воспоставениот модел на средби, амбасадорот Нимиц првин ќе се сретне одделно со претставниците на Македонија и на Грција, а потоа ќе има заедничка средба во седиштето на ОН.

Последните вакви разговори се одржаа при крајот на октомври лани, по што амбасадорот Нимиц истакна дека меѓу двете страни се уште има големи разлики по ова прашање.