Собрание

ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува амандманите на Законот за државјанство

13.04.2021 13:00

Бараат од албанскиот опозициски блок истото да го направи на законите од петтиот пакет мерки.

ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува амандманите на Законот за државјанство. Бараат од албанскиот опозициски блок истото да го направи на законите од петтиот пакет мерки.

„Свесни за недостигот на искрена желба за брзо решение, но и за критичниот момент во кој што се наоѓаат Македонија, граѓаните и стопанството, ќе ги повлечеме сите амандмани на Законот за државјанство се со цел конечно да се изгласа петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството“, изјави Никола Мицевски, координатор на пратеничката група.

Партијата бара итна расправа во Комисијата за финансирање и буџет и собраниска пленарка за државната помош за справување со ковид кризата.

„Ги повикуваме истиот веднаш да го стават на комисија, бидејќи нема деловнички пречки односно нема амандмани, да ја продолжат пленарната седница и да се гласа за овој закон. Истовремено, ја повикуваме коалицијата Алтернатива/Алијансата за Албанците да ги повлечат амандманите од петтиот пакет на мерки“, нагласи Мицевски.