СДСМ бара одговор за скандалот „Кавијар дипломатија“

13.04.2021 13:11

Според партијата, скандалот кој го нарекоа „Кавијар дипломатија“, го урива меѓународниот углед на земјава.

СДСМ повторно бара одговор од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николоски, за објавените наводи, според кои, како што велат, постои голем коруптивен скандал со дел од пратениците од Парламентарното собрание на Советот на Европа за изборите во Азербејџан. Според партијата, скандалот кој го нарекоа „Кавијар дипломатија“, го урива меѓународниот углед на земјава.

„Не е првпат Николоски со своето однесување да направи огромна штета на државата. Овој човек беше демантиран од Обединетите нации, беше демантиран од странски амбасади, демантиран од странски инвеститори. Затоа Николоски мора да се изјасни за скандалот „кавијар дипломатија“ а потоа и да си даде оставка од позицијата во Националниот совет за евроинтеграции“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Пратeничката група на ВМРО-ДПМНЕ да предложи друг пратеник кој ќе го замени, затоа што недозволиво и штетно по државните интереси е во ова важно тело да имаме претставник за кој постојат сомневања дека е дел одмеѓународен скандал- велат од СДСМ