„ДЕА“ со поддршка во борбата против криминалот
Изминатиот период „ДЕА“ почна интензивно да соработува со македонската полиција, што резултираше со заеднички акции.

Американската агенција за сузбивање наркотици, по акциите „Двојник“ и „Марихуана“ објави дека ќе продолжи со поддршката на Македонија во детектирање, спречување и ликвидација на организациите кои се занимаваат со тргување со дрога. Изминатиот период „ДЕА“ почна интензивно да соработува со македонската полиција, што резултираше со заеднички акции.
Од таму потврдуваат дека службеници на Агенцијата се вклучени во истрагата на МВР и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за запленетите 200 килограми марихуана, во вредност од 800 илјади евра.
Од „ДЕА“ засега не сакаат да коментираат за текот на истрагата и осомничените лица вклучени во организацијата на неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
