Мијалков осуден на осум години затвор за „Трезор“
Во скопскиот Кривичен суд пресуда за предметот „Трезор“, за злоупотреба на средства од државниот буџет за набавка на електронско- комуникациска опрема за потребите на УБК. Првообвинетиот Сашо Мијалков доби осум години, а екс- началникот на петтата управа во УБК, Горан Грујевски кој е во бегство- 15...

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, првообвинет во случајот„Трезор“ за злоупотреба на службената положба и овластувања, е осуден на казна затвор во траење од осум години. На поранешениот началник на Петтата управа во МВР, Горан Грујевски, кој е недостапен на органите на прогонот, му е изречена единствена казна затвор во траење од 15 години. На поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, судот му изрече казна затвор од пет години. Поранешниот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, пак, кој се товари за помагање, е осуден на единствена казна затвор во траење од пет години.
Во Основниот кривичен суд во Скопје пресудата за предметот „Трезор“ ја изрече судијката Џенета Бегтовиќ, која го води случајот. Сашо Мијалков, како поранешен директор на УБК, никогаш не изготвил извештај за посетите во Лондон, во 2010 година, истакна судијката Џенета Бектовиќ, при објавување на пресудата за случајот „Трезор”. Обвинетиот Сашо Мијалков, заедно со другите обвинети умислено ги сториле кривичните дела при што договорите биле склучени со единствена цел стекнување на корист во полза на „Финзи ДООЕЛ Скопје“, рече судијката Бектовиќ.
Сите четворица обвинети од Судот се задолжуваат солидарно да ја надомест штетата направена на буџетот на државата. Воедно, со пресудата се конфискувани срества во износ од 10.819.959 денари на компанијата „Финзи“. Против пресудата дозволена е жалба во рок од 15 дена до повисокиот Апелационен суд.
Предметот се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
