Димитриевски новак на списокот на Обрван

20.03.2014 15:16

Дарко Димитриевски  е нов ракометар во изборот на предводникот на нашата селекција Ивица Обрван за престојната ЕХФ недела. Левиот бек Димитриевски кој игра во АСОБАЛ лигата за екипата на Фертибериа Пуерто Сагунто, е во квартетот интернационалци заедно со Кирил Лазаров (Барселона), Борко Ристовски (Ал Ахли) и Влатко Митков (Кремс).

Најбројни се играчите од македонскиот вицепрвак Металург 11. Голманот Никола Митревски, Гоце Ојлески, Дејан Манасков, Гоце Ѓорѓиевски и  Златко Мојсоски (крила), Ванчо Димовски и Никола Маркоски (пивоти), Филип Миркуловски, Дејан Пецаковски, Аце Јоновски и  Велко Маркоски (бекови).

Актуелниот првак Вардар дава четири ракометари: Голманот Петар Ангелов, бековите Филип Лазаров и Немања Прибак и пикерот Стојанче Стоилов.

Од репрезентативците кои беа учесницина  ЕП во Данска ги нема повредениот Никола Стојчевски и очекувано Бранислав Ангеловски, зашто селекторот Обрван уште во Данска се откажа од услугите на интернационалецот од  романска Констанца.

Собирот на машката ракометна селекција на Македонија е закажан за 1 април во Охрид.