Отворен патот за деблокада на Собранието
Отворен патот за деблоката на Парламентот. ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува амандманите поднесени на Законот за државјанство и побара од пратениците на Алијанса за Албанците и Алтернатива да се откажат од нивните интервенции за новиот пакет економски мерки. Партиите од албанскиот опозициски блок прифаќаат и очекуваат решение за отворените прашања...

ВМРО-ДПМНЕ ги повлекува амандманите на Законот за државјанство, истото го побара од Алијанса за Албанците и Алтернатива да го направат на законите од петтиот пакет економски мерки. Координаторот Мицевски смета дека со овој потег ќе се одблокира работата на законодавниот дом и ќе се донесат финансиските мерки за помош на граѓаните и стопанството. ВМРО-ДПМНЕ инсистира на итна пленарка.
Во Алијанса за Албанците и Алтернатива подготвени да ги повлечат сите амандмани за законските решенија кои ја регулираат финансиската поддршка на граѓаните и стопанството. Очекуваат компромис за регулирање на државјанството.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина има намера да ги повлече амандманите, потоа да се свика Комисијата за финансирање и буџет, со која ја претседава пратеник од нивните редови. Добро е што притисокот од јавноста, конечено вроди со плод, реагираа од СДСМ. Дали ова значи деблокада на работата на Собранието?
По разговорите на премиерот Заев со Села и Гаши, оптимизам за решение за државјанствата. Дали ќе се оди на модус со амандмански интервенции да се измени законскиот текст или владата ќе предложи комплетно нов, останува да се договорат партиите.
Игор Панов
