Ковид-19

Дополнителни дози вакцини за повозрасните во Прилеп

13.04.2021 15:37

Нема комликации ниту застој во имунизацијата на повозрасните прилепчани. Почнуваат да се вакцинираат и оние над 75 години. Вакцинирани се 500 граѓани, има мобилен тим за немоќните лица, а стигнаа и дополнителни вакцини...

Преку 500 прилепчани над 77 години, веќе ја примија првата доза вакцина на пунктот во Здравствениот дом во Прилеп. Матичните веќе им закажуваат термини и на оние од 75 години.

На вакцинација дојде и пензионираната медицинска сестра Ѕвезда Велеска. Работела на имунизацијата и знае што значи заштитата од заразни болести.

Вакцинирањето е без компликации. Мобилен тим е и во домовите на немоќните. Вакцинираните посакуваат сите да ја стекнат имунизацијата.

Интересот за вакцинација е околу 80 насто, а градот доби дополнителни 200 дози од вакцината „Астра Зенека“.

Во болницата малку е намален бројот на хоспитализираните. На лекување се 124, но од нив, 104 пациенти се на кислородна поддршка.

 

Елизабета Митреска