Ковид-19

Досега вакцинирани 500 велешани, не е регистрирана реакција на вакцината

13.04.2021 15:44

Десет дена во вакциналниот пункт на Здравствен дом Велес се одвива вакцинацијата за заштита од Ковид-19. Досега таа тече без проблеми и околу 500 велешани, на возраст над 76 години ја примиле првата доза на вакцината „Астра Зенека“...

Десет дена во вакциналниот пункт на Здравствен дом Велес се одвива вакцинацијата за заштита од Ковид-19. Досега таа тече без проблеми и околу 500 велешани, на возраст над 76 години ја примиле првата доза на вакцината „Астра Зенека“. Вакцинацијата ја извршуваат доктори и медицински сестри од превентивните тимови, кои работат во две смени од 8 до 18 часот, од понеделник до петок.

Пациентите ќе се вакцинираат до крајот на работната недела, до петок, до кога се обезбедени вакцини за оваа возрасна категорија граѓани. Тие доаѓаат преку „Мој термин“ кој го добиваат од матичниот доктор. За изминатите десет дена не е регистриран ниту еден случај на несакана реакција од вакцината.

Има случаи кога лицата кои треба да се вакцинираат, не се појават во закажаниот термин, но дошле следните денови и се вакцинираат. Секое лице кое е вакцинирано добива картон со кој му се закажува втората доза на вакцина, која ќе ја добие по 84 дена.

 

Петар Печков