Тетовци и натаму мака мачат со водоснабдувањето
Тетовци и натаму мака мачат со водоснабдувањето. Веќе неколку дена полнат резерви вода во шишиња и буриња. На ваков начин хигиена во време на пандемија не се одржува, се жалат граѓаните. Здруженијата бараат одговорност за неколку месечниот недостиг од вода за пиење. Kога ќе се стабилизра состојбата, од ЈКП Тетово без одговор...

Во време на пандемија тетовци се соочуваат со речиси целодневни рестрикции на водата за пиење. Состојбата е загрижувачка во некои тетовски населби, каде од чешмите не протекува ниту капка вода.
Тетово доби нов водовод. Но, наместо да го подобри овој систем го влоши водоснабдувањето во градот, кој во повеќе наврати не функционира.
Општината имаше и други образложенија зошто Тетово зимава е без вода. Според нив неколкуте земјотреси минатиот месец ја изместиле вододната линија, а сега велат дека изворите од кои градот се снабдува со вода се замрзнати, иако на Шар Планина температурите достигнуваат до 10 степени.
Граѓанските здруженија велат дека ваквите објаснувања се смешни. Според нив треба да се направи целосна ревизија на изградбата на новиот водовод, за да се откријат причините зошто Тетово и покрај два водовода нема вода.
Моментално Тетово се снабдува со 270 литри вода во секунда, недоволно да ги задоволи потребите на граѓаните.
Зоран Димовски
