Столтенберг: НАТО ќе решава за приемот на Украина
Западниот сојуз, а не Москва, ќе одлучи дали Украина ќе му се приклучи на НАТО во иднина, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Смета дека никој нема право да се меша во тој процес...

Западниот сојуз, а не Москва, ќе одлучи дали Украина ќе му се приклучи на НАТО во иднина, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Смета дека никој нема право да се меша во тој процес. На заедничката прес-конференција во Брисел со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, Столтенберг рече дека Русија се обидува да воспостави влијание што можат соседите. Ја повика официјална Москва да ги повлече трупите, кои, според него, ги акумулира на границите со Украина.
„Сериозно сме загрижени од тековните случувања и НАТО многу внимателно ја следи ситуацијата. Во последните неколку недели Русија премести илјадници борбени трупи на границите на Украина, што е најголемо масовно собирање руски трупи од илегалното припојување на Крим во 2014 година. Последните денови, неколку украински војници беа убиени во источна Украина. Сакам да изразам сочувство за неодамнешните загуби на украинските вооружени сили“, рече Столтенберг.
Украинскиот министер за надворешни работи рече дека НАТО и западот мора брзо да дејствуваат со цел да се спречи ескалацијата на насилството меѓу Украина и Русија и дека воведувањето нови санкции против Москва и дополнителната воена помош за Киев би било корисно.
„Се обидуваме да ја избегнеме грешката што беше направена во 2014 година кога Русија беше подготвена да дејствува брзо и да ги извршува своите воени цели на Крим и Донбас, додека нашите западни партнери ги разгледуваа своите реакции за она што се случуваше на теренот. Русија повеќе нема да може да изненади никого. Нема да изгубиме време. И доколку Москва преземе каков било несовесен потег или почне ново насилство, скапо ќе го плати. Би сакал да ве уверам дека Украина не сака војна“, изјави министерот за надворешни на Украина, Кулеба.
Кулеба наведува дека би била корисна и директната поддршка насочена кон зајакнување на украинските одбранбени способности.
„Русија мора да разбере дека Украина му припаѓа на светот на демократиите, на западниот свет и западот нема да дозволи Русија да ги разбие украинската демократија и суверенитет. Ова е пораката. Украина не е дел од рускиот свет и никогаш нема да се смета за таква“, нагласи Кулеба.
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, пак, изјави дека НАТО распоредува 40.000 војници и 15.000 единици воена техника во близина на руските граници. Додаде дека Москва презела соодветни релевантни мерки за да и се спротивстави на заканувачката воена активност на Аалијансата.
Марина Ристова
