Кривичен суд

Пресуда за „Трезор“: Осум години затвор за Мијалков, 15 за Грујевски

13.04.2021 16:06

Осум години затвор за поранешиот шеф на УБК, Сашо Мијалков за случајот „Трезор“ поврзан со набавка на опрема во институцијата што ја раководел. Највисока казна од 15 години доби Горан Грујевски, поранешен началник на Петтата управа во УБК. Затворски казни од по пет години има за уште двајца од МВР. Одреден нов притвор, одбраната ќе се жали...

Бегалецот во соседна Грција, Горан Грујовски доби највисока казна, 15 години затвор во случајот „Трезор“. Неговиот претпоставен, Сашо Мијалков – осум години. Ваква пресуда донесе Кривичниот суд за незаконската набавка на опрема за УБК. Нивните колеги, Тони Јакимовски и Небојша Стајковиќ се осудени на пет години затвор. Освен што треба да ја надоместат штетата, пари се конфискувани и од сметките на фирмата Финзи- 838 илјади денари и 145 илјади евра.

Според обвинителството, Мијалков со соработниците во Лондон се сретнале со претставници на фирмата ГАМА и договориле набавката на опремата да оди преку фирмата Финзи, а не преку МВР. Побараа, а судот одобри нов притвор за Мијалков.

Одбраната вели – обвинението е конструкција, докази нема, а набавката на опремата била законска. Најавија жалба пред повисокиот суд.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба. Штетата на Буџетот е 860 илјади евра.

 

Анита Димитријевска Велковска