Националното благо бележено со молив на обична хартија

Недостасуваат уште артефакти во Музејот на Македонија

13.11.2013 22:59

Недостасуваат уште 20 златни предмети од непроценлива вредност од Музејот на Македонија

 По увидот во документацијата и пописот во установата, клопчето полека се отплеткува. Засега  бројот на исчезнати  артефакти е 80.  Уште тројца кустоси  пријавиле дека од кутиите им недостасуваат златни предмети. Се уште се чека на финалниот извештај . Од МВР не ја исклучуваат можноста бројката на исчезнати артефакти да е поголема.  

Разговарано е со сите вработени, тоа не знаи дека се завршени сите разговори, напротив преземаме мерки и активности за целосно расчистување на случајот, кривичното дело и да е сторено од лице од надвор, веројатное сторено со знаење и помош на некој од вработените, такашто остануваат да се проверат и да се истражат сите наскоки сите алтернативи како дочло до исчезнувањето, вели Иво Котевски– помошник министер за односи со јавноста во МВР.

Пристап до депото и до предметите  имале многумина кои истражувале и проучувале. Формирани се и тимови од експерти за кражбата во Музејот Македонија да биде разрешена. МВР сеуште истражува како исчезнале вредните артефакти од Музејот Македонија. Она што е извесно е дека немало насилно влегување во просториите на депото.

Наташа Гркова Петрушевска