Поголемата вклученост на граѓаните во одлуките на власта- основа за поголема доверба
Во време на светска пандемија, поголема транспарентност и вклученост на граѓаните во одлуките на властите се основа за поголема доверба во државните институции и подобра борба против корупцијата, оценка од видео-конференциската дебата на Владата со Канцеларијата на отвореното владино партнерство во Њујорк. Со новиот Петти акционен план ќе се подобри довербата кај граѓаните, инвеститорите и приближувањето кон ЕУ...

Десет години од учеството на земјава во отвореното владино партнерство ја подобри транспарентноста на државните институции, овозможи поефикасна борба против корупцијата и поголема доверба кај граѓаните. Земјава е лидер во регионот за отворено владино партнерство, но и престои уште работа на реформите, за да се придобие поголема доверба од граѓаните и на инвеститорите особено во време на светска пандемија, како и за приближувањето кон стандардите на ЕУ.
Од Канцеларијата на отвореното владино партнерство во Њујорк со поддршка на реформите што владата веќе ги презема, но и со сугестии како да се подобри борбата против корупцијата и вклученоста на граѓаните при одлучувањето.
Со новиот Петти акционен план за отворено владино партнерство се предвидува поголема транспарентност и вклученост на граѓаните во работата на владата.
Ирина Гелевска
