Соработка

Потпишан Меморандум за разбирање меѓу МРТ и РТС

13.04.2021 19:10

Меморандум за разбирање потпишаа директорите на Македонската Радио- телевизија и Радио-телевизија Србија. Целта е преку размена на програма да се развие заемна соработка и пријателски односи...

Реципрочна размена на вести, детски, музички, забавни, културни и образовни програми – Македонската Радио телевизија и Радио-телевизија Србија потпишаа Меморандум за разбирање.

Според директорите на МРТ и РТС, Марјан Цветковски и Драган Бујошевиќ, целта е да се развијат пријателски односи и да се консолидира заемно корисна билатерална соработка.

Двата јавни сервиса се согласуваат да соработуваат во покривањето на актуелни настани преку директно вклучување на дописници, новинари или аналитичари, како и репортажни материјали во новинарските емисии или публикации по претходна најава.

Двете земји ќе учествуваат во заеднички ТВ-продукции.

Според сопствените можности, на реципрочна основа, ќе се примаат новинари, специјалисти за техничка поддршка и продуценти за реализирањето на репортажи. Ќе има и предавања при претходно договорени услови.

Планирани се и посети со цел за соработката, споделување на искуство, вклучително и учества на заеднички состаноци и семинари.

Меморандум за разбирање, претходно, Македонската Радио-телевизија потпиша и со Бугарската национална телевизија.

Маријана Димовска