БРИСЕЛ

Украина и Авганистан главни теми на самитот на НАТО

14.04.2021 09:31

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг претходно ја повика Русија да ги повлече трупите од границата со Украина...

Украина и Авганистан меѓу главните теми на состанокот на министрите за надворешни работи и одбрана на НАТО. Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг претходно ја повика Русија да ги повлече трупите од границата со Украина.

Москва, пак, тврди дека западните земји го зголемуваат присуството на Арктиткот и на руските западни и јужни граници. Американските сили во Авганистан се исто така на агендата во Брисел.

Претседателот Џо Бајден планира трупите да ја напуштат земјата до 11 септември, 20 години по нападите на Ал Каеда кои ја предизвикаа најдолгата американска војна. По примерот на САД, и Велика Британија најавува повлекување на војниците од оваа земја.

Во меѓувреме, американскиот министер за одбрана Лојд Остин најави дека Соединетите држави ќе распоредат дополнителни 500 војници во Германија.