Ерјавец за јавна расправа за граничниот спор со Хрватска

20.03.2014 15:43

Словенечкиот министер за надвореши работи Карл Ерјавец изјави  дека се плаши оти расправата пред Арбитражниот суд во Хаг за граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска ќе остане затворена, бидејќи соседната земја засега не одговорила позитивно на предлогот на Љубљана расправата да биде јавна.

Ерјавец нагласи дека без разлика на тоа Словенија ќе стори се домашната јавност да биде навремено запознаена  со расправа и аргументацијата за решавање на спорот за границата на копно и на море со соседна Хрватска.

Шефот на словенечката дипломатија  истакна дека  расправата би можела да се одржи во јуни и нагласи дека Словенија смета дека би било добро и јавноста во двете држави преку расправа да се запознае со аргументите со кои излегле на арбитражата.

За текот на арбитражната постапка и словенечките подготовки звчера зад затворени врати расправаше и Одборот за надворешна политика на словенечкиот Парламент.

Ерјавец изминатиот период повеќе пати потврди дека Словенија е добро подготвена за текот на арбитражната постапка и дека очекува поволна пресуда на Судот, да биде изречена во 2015 .