Осаменоста е опасна за менталното здравје

14.04.2021 14:31

Близината и поврзаноста со други луѓе на подлабоко ниво е клучна за менталното здравје и благосостојба. Иако осаменоста и менталните пореметувања се честопати поврзани, вистина е дека осаменоста многу почесто е причина за нив, отколку последица.

Да се биде сам и осамен се две различни работи. Осаменоста е исцрпувачка и вознемирува, додека посакуваната самотија носи мир, поттикнува креативност и окрепнува. Близината и поврзаноста со другите луѓе на подлабоко ниво се клучни за нашето ментално здравје. Во спротивно постои опасност за развивање на различни патологии и ментални болести. Осаменоста е повеќе  причина за нив, отколку последица од нив. 

Најчести ментални пореметувања поврзани со осаменоста се депресија, социјална анксиозност, болести на зависности и патолошко собирање.

1 Депресијата речиси секогаш оди заедно со осаменоста. Сите понекогаш сме ги искусиле моментите на тага кога ни недостасуваат пријателите, не сме можеле да им се обратиме или да им се довериме. Што подлабока врска со пријателите и роднините тогаш и тагата и веројатноста за депресија се поголеми, затоа што во еден момент ќе останеме без нив. Депресијата носи осаменост.

2 Социјална анксиозност

Едно истражување покажало дека осамените луѓе имаат многу поразвиени друштвени вештини од другите. Со други зборови осамените не се такви зашто не умеат да разговараат со другите , туку затоа што премногу се грижат дали ќе кажат или ќе направат нешто погрешно во друштво. На овој начин се создава некој магепсан  круг на осаменост.

Болести на зависност

Студиите покажале дека луѓето кои се осамени имаат повеќе предиспозиции да станат зависници од дрога, алкохол, коцкање и интернет. Ова е затоа што немаат остварено значајни човечки врски.

4 Патолошкото собирање наречено опсесивно компулзивно пореметување, има во основа пополнување на празнината. Токму поради тоа што немаат создадено длабоки пријателски врски со други луѓе.  

Важно е човекот да сфати дека треба да излезе од маѓепсаниот круг на осаменоста додека не го обземала сосема. Еве неколку  совети  како да се направи првиот чекор.

Добро е да се создаваат навики за помагање на другите. Понудете му на соседот да му го причувате кучето или децата, да им помогнете на постарите при пазарење. Така ќе се создадат одредени контакти и ќе се намали чувството на осаменост.

Интересирајте се за другите луѓе, зачленете се во одредени групи со слични интереси, клуб на читатели, вежбална, танцова школа, хор и тн.  Набавете домашно милениче.

Обезбедете си добар сон. Несоницата создава лошо расположение и немање желба за друштвен живот.

Останете отворени. Осаменоста може да направи од вас критичар, негативно настроен, и лесно да ги осудувате другите. Осамените потешко прифаќаат други луѓе. Излезете од зоната на конфорот и комуницирајте повеќе. 

Запрашајте се што ви недостасува, дали најдобриот пријател, или да бидете дел од некоја екипа, дали ви фали да отидете некаде каде ќе се чувствувате како дома, или ви недостига романтичен партнер, Размислете што е тоа, за полесно да превземете активности за решавање на вашиот проблем. На крајот, доколку не можете да се снајдете во ситуацијата на осаменост, побарајте стручна помош, психотерапевт кој ќе ви помогне чекор по чекор да се вратите во нормала.

Соња Стојановска