Финансиска поддршка

За помошта за плати фирмите да аплицираат до 30- ти април

14.04.2021 14:50

До 30- ти април фирмите ќе може да аплицираат за субвенции за плати за февруари и март, финансиска поддршка од петтиот пакет мерки. Пакетот мерки го мина филтерот на матичната комисија во Собранието...

Фирмите и самостојните вршители на дејност за помош за плати за февруари и март, антикризна мерка од петтиот пакет, може да аплицираат до 30- ти април. Ваков амандман беше прифатен од Комисијата за финансирање и буџет. Не помина предлогот од опозицијата со кој се бараше помошта да биде за февруари, март, април и мај, а парите да се префрлаат директно на транскациска сметка на вработените и средствата да бидат неповратни. Заменик- миниситерот за финансии Ковачевски, информира дека платата на работниците ќе се исплаќа преку работодавачите.

Од ВМРО- ДПМНЕ велат, одбиени се сите суштински амандамни, но иако сметаме дека помошта е недоволна, сакаме што побрзо да стигне до граѓаните и компаниите. Од СДСМ пак, информираат дека петтиот пакет мерки изнесува 160 милиони евра, изразувајќи задоволство што опозицијата ги одблокирала законите.

На дневен на Комисијата за финансирање и буџет беа и измените и дополнувањата на законите за данок на личен доход, финансиска поддршка на граѓани со низок доход и пензионери, самохрани родители, деца без родители, уметници.

 

Марија Котовска