Обвинителство

Oбвинение против 11 лица за злоупотреби при издавањето пасоши

14.04.2021 16:57

Десетмина ќе се гонат за злоупотреба на службена положба и овластување, а еден за помагање. Обвинетите овозможиле на незаконски начин, 214 странски и еден македонски државјанин да се стекнат со патни исправи на земјава под туѓ идентитет...

Обвинителството поднесе обвинение против 11-мина за злоупотреби при издавањето патни исправи. Станува збор за акцијата на МВР наречена „Двојник“, или како што од ВМРО-ДПМНЕ ја нарекуваат „Афера Мафрија“.

Десетмина ќе се гонат за злоупотреба на службена положба и овластување, а еден за помагање. Обвинетите овозможиле на незаконски начин, 214 странски и еден македонски државјанин да се стекнат со патни исправи на земјава под туѓ идентитет.

Обвинителството истражува вмешаност и на други лица во случајот.