КСС ќе протестира под мотото „Доста е, претеравте“
Од КСС ќе протестираат бидејќи велат дека нема социјален дијалог со надлежните. Бараат покачување на минималецот, неработна недела и 100 процентно боледување за ковид заболените.

Под мотото „Доста е, претеравте“ Конфедерацијата на слободни синдикати излегува на протест. Поради состојбата со пандемијата, ќе се одржи со автомобили. Ќе почне спроти МРТ до Собранието и ќе заврши пред Владата.
Од КСС ќе протестираат бидејќи велат дека нема социјален дијалог со надлежните. Бараат покачување на минималецот, неработна недела и 100 процентно боледување за ковид заболените.
Од Министерството за труд засега нема конкретен став како ќе одговорат на барањата на конфедерацијата, но велат дека за сите одлуки коишто ги засегаат работничките права ги консултираат сите чинители, вклучувајќи ги и синдикатите.
