Свет

НАТО од 1-ви мај се повлекува од Авганистан

15.04.2021 09:34

Сојузниците очекуваат со тоа да се создадат услови за ново поглавје за иднината на Авганистан, во која главната улога ќе ја имаат граѓаните на земјата.

Сојузничките сили на НАТО од 1-ви мај ќе почнат со повлекување од Авганистан, одлука на министрите за одбрана и за надворешни работи на НАТО.

Сојузниците очекуваат со тоа да се создадат услови за ново поглавје за иднината на Авганистан, во која главната улога ќе ја имаат граѓаните на земјата.

Американскиот претседател Бајден рече дека САД ја исполниле целта Авганистан повеќе да не служи за напад врз Америка, најавувајќи повлекување на американските трупи од Авганистан до 11-ти септември.