Свет

Меркел-Бајден: Руските трупи да се повлечат од границата

15.04.2021 10:33

Портпаролката на Белата Куќа, Џен Саки, изјави дека Бајден во вторникот разговарал со рускиот претседател Путин со цел да му укаже на можните последици од руските активности.

Американскиот претседател Бајден и германската канцеларка Меркел се согласни дека Москва треба да ги повлече своите трупи од границата со источна Украина за да се постигне деескалација на конфликтот. Москва тврди дека станува збор за воени вежби.   

Портпаролката на Белата Куќа, Џен Саки, изјави дека Бајден во вторникот разговарал со рускиот претседател Путин со цел да му укаже на можните последици од руските активности.

Според украински податоци, Русија во пограничниот регион распоредила 41.000 војници. Москва ги отфрла обвинувањата за распоредување војска на границата.

Во меѓународни рамки расте загриженоста од нова ескалација на Руско-украинскиот конфликт.