Вакцини

„Модерна“ не може да го забрза производството

15.04.2021 11:31

Производството се очекува драстично да се зголеми во 2022 година.

Производството на вакцини против Ковид-19 на „Модерна“ веројатно нема да се забрза во следните неколку месеци, изјави извршниот директор на американската фармацевтска компанија.

Производството се очекува драстично да се зголеми во 2022 година.

Владата на САД побара од „Модерна“ да го забрза производството и испораката на вакцини откако времено ги суспендираше вакцините на „Џонсон и Џонсон“ по појава на ретки згрутчувања на крвта.