Филипче: 200.000 кинески вакцини пристигнуваат од 28-ми април
Двесте илјади кинекси вакцини на 28-ми април пристигнуваат во земјава, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Потврдата ја добил утрово од Кинеската амбасада...

Двесте илјади кинекси вакцини на 28-ми април пристигнуваат во земјава, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Потврдата ја добил утрово од Кинеската амбасада. Оставаме простор од неколку дена во случај да има некакви поместувања, со оглед на тоа што се случуваше досега, додаде Филипче
По 10.000 вакцини „Фајзер“ ќе стигнат во земјава на 19-ти и 26-ти април, повтори тој. Станува збор за вакцини против Ковид-19 кои се добиени со директен договор на земјава со компанијата.
Преку Ковакс-механизмот, пак, 76.000 дози на „Астра Зенека“ се очекува да стигнат до крајот на месецов, додека вакцините преку трипартитните договори со ЕУ се очекуваат на почетокот на мај.
Филипче додаде дека се планира масовна вакцинација и во повеќе градови освен во Скопје, и тоа во Куманово, Штип, Кавадарци, Битола, Охрид и Тетово, кои ќе ги покријат и околните градови.
Според министерот за здравство, третиот бран на заразата стивнува со оглед на тоа што вчера имавме околу 950, а денеска има нешто над 800 новозаразени со Ковид-19.
