Се намалува бројот на заразени со Ковид-19
Министерот Филипче се надева дека овој тренд ќе продолжи и дека дефинитивно ова се знаци дека овој бран стивнува. Нагласи дека здравствените власти се сѐ уште внимателни, заради тоа што има голема бројка дијагностицирани пациенти...

Третиот ковид- бран стивнува, вели министерот за здравство Венко Филипче. Бројките на новодијагностицирани со Ковид-19 деновиве се пониски. Денеска има околу 890 нови случаи. Тоа го гледаме и во болниците во Скопје и ширум државата. Тој притисок, кој го имаше претходно, сега го нема, додаде Филипче.
Министерот Филипче се надева дека овој тренд ќе продолжи и дека дефинитивно ова се знаци дека овој бран стивнува. Нагласи дека здравствените власти се сѐ уште внимателни, заради тоа што има голема бројка дијагностицирани пациенти на кои може да им затреба болнички третман, меѓутоа, појасни, не е таква бројката на приеми како што беше пред една недела.
Филипче потенцира дека добро се одвива целокупниот процес на вакцинација, во салата „Борис Трајковски“ и во пунктовите ширум државата.
