САД
Полицајката која пукаше во Рајт обвинета за убиство од небрежност
15.04.2021 11:52
Таа пукала во 20-годишниот афроамериканец, за време на рутинска контрола. Изјави дека по грешка помислила дека Рајт во рака држел пиштол.

Полицајката која застрела млад афроамериканец во близина на Минеаполис е уапсена и ќе биде обвинета за убиство од небрежност, соопшти канцеларијата за криминалистички работи во Минесота.
Таа пукала во 20-годишниот афроамериканец, за време на рутинска контрола. Изјави дека по грешка помислила дека Рајт во рака држел пиштол.
Полицајката поднесе оставка во вторникот, како и началникот на полицијата Бруклин- Центар. Се соочува со затворска казна од 10 години.
