Образование

Царовска: Електронски упис на првачињата од мај

15.04.2021 12:18

Електронски ќе се аплицира и за ученички и студентски стипендии, но и за општински проекти за реновирање на училишта.

Од мај оваа година, уписите за основците ќе бидат онлајн и со тоа ќе се намали метежот во училиштата, изјави министерката Царовска која промовираше дигитални услуги во образованието.

Електронски ќе се аплицира и за ученички и студентски стипендии, но и за општински проекти за реновирање на училишта.

„Сите земји кои не се дигитализираат и трансформираат заостануваат, зашто светот се менува екстремно брзо, а ние како држава во развој треба да фатиме двапати побрз чекор. МОН има ваков став кон услугите кои итно треба да се трансформираат во дигитални. Образовниот процес покажа дека брзо може да се трансформира. Речиси цела учебна година имаме одлична инеракција и комуникација помеѓу наставник и ученик, што за нашата држава е голем отскок во однос на она што беше минатата година“, рече Царовска.

Целта на дигитализацијата во образованието е услугите да станат подостапни, да се избегнат метежи по шалтерите и документи да се добијат во покуси рокови.