Дали ќе се реши мистеријата со малезискиот „Боинг 777“?!

20.03.2014 16:48

Дали е на повидок решение околу мистеријата со исчезнатиот малезиски боинг, за кој тринаесетти ден нема конкретни информации, а се погласни се шпекулациите

 Авиони и бродови на Австралија и САД се упатија јужно од  Перт откако  изутрината се појави информација дека преку сателит се забележани два предмета,  за кои се претпоставува дека му припаѓаат на исчезнатиот  авион. Еден од нив бил околу 24 метри. За денеска потрагата е завршена, но таа продолжува следните денови.

Добивме известување дека преку стаелитски снимки се забележани објекти, но не сакаме да даваме надеж дека тоа се делови од авионот на Малезија Ерлајнс  се додека немаме конкрети податоци. Истрагата е интензивна и ќе продолжи. Разговарав со премиерот на Малезија и го известив за се што се случува, но треба да знаете дека лоцирањето на објектите е тешко. - Тони Абот премиер на Австралија

Во моментов не можам да потврдам дали предметите за кои констатиравме дека се од олово му припаѓаат на Боингот. Ова ќе биде тешка задача. - Џон Јанг австралиска поморска агенција за безбедност

Бесот и револтот секој ден расте кај роднините кои не знаат што се случува со нивните блиски. Ја обвинуваат владата на Малезија.

Неколку стотици луѓе кои се многу лути чекаат информации за своите блиски. Имаме одредено претставници кои треба да разговараат со малезиската влада и конечно да ни дадат одговор. - роднина

Авионот на Малезија ерлајнс се изгуби од радарите на 8-ми март со 239 патници и членови на екипажот, во неговата потрага се вклучени 26 земји, а пребарувањето постојано се зголемува.

Марија Петковска