Ковид- криза

Угостителите на протест за спас на секторот

15.04.2021 12:36

Велат состојбата е алармантна, нема континуитет на економските мерки за да се задржат работните места и да опстојат. Од втоник излегуваат на протест сѐ додека целосно не им се прифатат барањата.

Еднократна финансиска помош за угостителските објекти кои се една година под клуч поради уредбата на Владата, еднократен грант за сите во угостителскиот сектор и мораториум или грејс период за отплаќање на кредитите од деловните банки, бараат од Туристичко-угостителската комора.

Велат состојбата е алармантна, нема континуитет на економските мерки за да се задржат работните места и да опстојат. Од втоник излегуваат на протест сѐ додека целосно не им се прифатат барањата.

„Се бара помош за сите угостителски објекти, секој е подеднакво важен и не смее некој да остане без неопходна помош во овие најтешки периоди за угостителството, затоа од понеделник 20 април излегуваме заедно како сектор на протести и ќе останеме пред институциите, сѐ до моментот додека нашите барања не бидат во целост прифатени“, изјави Мартин Ангеловски, потпретседател на ТУК.