Бугарија

Борисов поднесе оставка од Советот на министри

15.04.2021 12:47

Владата предводена од Борисов ќе продолжи да ги извршува своите функции до изборот на нов Совет на министри и ќе постигне континуитет во управувањето.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов поднесе оставка пред новоизбраното 45-то Национално собрание од Советот на министри. Писмото беше доставено до претседателот на Националното собрание.

Владата предводена од Борисов ќе продолжи да ги извршува своите функции до изборот на нов Совет на министри и ќе постигне континуитет во управувањето.

Третиот кабинет на Борисов стапи на должност на 4 мај 2017 година. Тоа беше прв мандат што лидерот на ГЕРБ го заврши како премиер, откако беше принуден да поднесе оставка во претходните два пред нивното истекување.

Бугарскиот претседател Радев за в понеделник најави консултации со парламентарните групи за формирање Влада.