Угостителите пред колапс, најавуваат протести
Еднократна финансиска помош за угостителите, еднократен грант и мораториум или грејс-период за отплаќање на кредитите од деловните банки, бараат од Туристичко-угостителската комора. Велат, состојбата е алармантна, нема континуитет на економските мерки за да се задржат работните места и да опстојат. Од вторник, излегуваат на протест сѐ до исполнување на барањата...

Еднократна финансиска помош за угостителските објекти кои една година се под клуч со уредба на Влада, од 300 илјади до милион денари грант за целиот сектор, бараат од Туристичко- угостителската комора. Велат, состојбата е алармантна, правните субјекти се соочуваат со колапс. Доколку во целост не им бидат исполнети барањата, од вторник излегуваат на протест.
Финансиската помош нема континуитет, а режиските трошоци, платите и каматите течат, реагираат угостителите. По цела година не постојат ни протоколи за работа.
Угостителите бараат и мораториум или репрограмирање на кредитите од комерцијалните банки се додека владата не дозволи работа на секторот без рестрикции.
Сунчица Николоска
