Македонија

„Доста е, претеравте“: КСС на протест пред Владата

15.04.2021 18:30

Под мотото „Доста е, претеравте“ на протест Конфедерацијата на слободни синдикати. Поради состојбата со пандемијата, се одржa со автомобили. Велат дека нема социјален дијалог со надлежните...

Нема социјален дијалог, не се почитува Законот за минимална плата, има проблеми со неработната недела, нема 100 отсто боледување за Ковид-19, има притисоци врз синдикалните лидери. Ова се само дел од забелешките на Конфедерацијата на слободни синдикати до власта. Под слоганот „Доста е, претеравте“ протестираа пред Владата.

Конфедерацијата на слободни синдикати реши да испрати протестен аларм за состојбите со работничките права, за кои тврдат дека го допреле дното.Се жалат дека имаат притисоци и деградирања на синдикалните лидери, како и отказни решенија. Обиди за растурање на синдикатот, со како што велат, дрско и неодговорно мешање во слободата на здружување.

Со притисоци, бркање од работа, спречување на синдикалното организирање и дејствување нема да се спречи борбата за остварување на работничките права,  велат од Конфедерацијата на слободни синдикати. Бараат да престанат отказите и обидите за растурања на синдикатот.

 

Александра Спировска