Биодизел гориво од тутунот како алтернатива?
Може ли да се добие масло или био дизел гориво од тутунот како алтернативно решение. Во ситуација кога светската здравствена организајција бара намалување на површините со тутун и пренамена, македеонската и унијата на Италијанските комори од Венето, Италија, со проект и потреба да се покаже – тутунот да го има на површините но и за друга, алтернативна употреба. Резултатите на студијата ќе бидат достапни за неколку месеци...

Масло или био дизел гориво од тутунот. Каква е исплатливоста? Македонските и италијанските експерти почнаа проект да понудат решение дека тутунот може да има и алтернативна употреба. Наспроти интенциите за намалување на површините.
„На здравјето на луѓето им пречи пушењето, но не и одгледувањето тутун. Упорно се обидуваме тоа да го докажеме и да ја побиеме конвенцијата. Овој проект кој е наречен ЕЛ-84 е за употреба на тутунот за био дизел гориво е една од алтернативите“, вели Васко Ристески од Стопанската комора на Македонија.
Тутунот е значајна гранка не само за Македонија и Италија, туку во светски рамки, сметаат италијанските експерти. Затоа се бараат алтернативните решенија.
„Се отворија можностите за искористување на целото растение како база за да може долгорочно да биде поисплатливо“, вели Филипо Моцариол од Унијата на стопански комори на Венето, Италија.
Треба да се процени какви можности дава прилепското производство од 12.000 тони ориенталски тутун. Италијанските искуства впечатливи.
„Во средината на минатиот век во Италија започна првото производство на масло од листовите на тутунот“, вели Лујиза Делпјано од Институтот за истражување и развој од областа Кампања.
Повеќе од 6 децении италијанските стручњаци работат за алтернативно искористување на тутунското застение за мало или биодизел гориво. Македонските научници од прилепскиот институт за тутун, единствен од таков вид во земјава, се воздражани засега во процените. Ќе чекаат да видат што ќе покажат студиите.
Проектот ќе биде готов до јуни, потоа експертите ќе работат на студијата.
Елизабета Митреска
