Рашковски во Кривичен суд на распит за јавната набавка на софтверот
Драги Рашковски и Даниела Станчев, осомничени во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци се спроведени пред судија на претходна постапка, потврдуваат од Основниот кривичен суд – Скопје...

Драги Рашковски и Даниела Станчев, осомничени во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци се спроведени пред судија на претходна постапка, потврдуваат од Основниот кривичен суд – Скопје.
Оттаму велат дека по завршувањето на распитот во однос на предлогот на јавниот обвинител за определување мерка притвор за двајцата осомничени јавноста ќе биде известена. За другите двајца осомничени во случајот се бараат мерки за претпазливост.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во текот на вчерашниот ден донесе Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица за кои постои основано сомнение дека сториле Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. со ст.1 од Кривичниот законик, претходно соопштија од Обвинителството
Според Обвинителството, од јануари 2019 година до јули 2020 година, првоосомничениот како службено лице, помогнат од останатите осомничени лица, со умисла извршил три временски поврзани дејствија, што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело.
