Свет

Москва се закани со реципрочни мерки против Вашингтон

16.04.2021 10:03

Бајден воведе санкции за руски компании и протера дипломати...

Официјална Москва предупреди дека ќе преземе реципрочни мерки против Вашингтон откако САД казнија шест руски технолошки компании и протераа десетмина дипломати.

Претседателот Џо Бајден образложи дека одлуката е последица на мешањето на Кремљ во ланските избори за Белата куќа и хакерските напади врз федерални агенции.

По најавата за повлекување на трупите од Авганистан, санкциите за Русија се вториот голем потег во надворешнополитичката агенда на САД кои периодов беа фокусирани најмногу на пандемијата со Ковид-19.