КОВИД-19

„Фајзер“ планира и трета доза од вакцината

16.04.2021 10:56

Ревакцинацијата против Ковид-19 на годишно ниво веројатно ќе стане задожителна, но процесот на имунизација ќе зависи од мутациите на вирусот.

Компанијата „Фајзер“ планира да воведе и трета доза од вакцината која ќе се дава во период од 6 до 12 месеци по втората. Ревакцинацијата против Ковид-19 на годишно ниво веројатно ќе стане задожителна, но процесот на имунизација ќе зависи од мутациите на вирусот.

„Фајзер/Бионтек“ изјавија дека нивната вакцина е ефикасна против повеќето варијанти, а заштитата трае најмалку шест месеци по втората доза.

По враќањето во употреба на „АстраЗенека“, германската канцеларка Ангела Меркел изрази подготвеност да прими доза од оваа компанија која беше бојкотирана поради повеќе случаи на згрутчување на крвта.