Нови американски мерки против Русија

20.03.2014 16:54

Долниот Дом на Рускиот Парламент гласаше за прием на Крим во Руската Федерација, со што е речиси завршена постапката за припојување на регионот

Вашингтон уште еднаш реагира со нови мерки кои ги најави претседателот Барак Обама, наведувајќи дека врвни руски официјални лица ќе бидат предмет на санкциите, вклучувајќи и други лица, како  и банка која овозможува материјална поддршка на руските политички лидери. Обама изјави за медиумите дека веќе ја потпишал наредбата со која сега, покрај некои лица, се спроведуваат санкции и против клучните сектори на руската економија. Утре Горниот Дом на руската Дума ќе го одобри документот со кој Крим и официјално станува дел од Руската Федерација. На Крим, пак додека, банките се затворени,една по друга се преземаат украинските воени бази и се истакнува руското знаме. Украинскиот министер за одбрана изјави дека се подготвува план за повлекување на преостанатите трупи од Крим.

Зоран Богатинов