ЕВРОПА

Меркел, Макрон и Зеленски на видеоконференција за ситуацијата со Русија

16.04.2021 11:47

Емануел Макрон и Ангела Меркел се посредници во украинскиот спор во рамките на четиристраните разговори со Москва и Киев...

Претседателите на Франција и Украина, Емануел Макрон и Володимир Зеленски на видеоконференција со германската канцеларка Ангела Меркел поради опасноста од повторно разгорување на конфликтот со руските единици на граничниот премин.

Меѓу главните точки е и барањето на Киев за пристап во НАТО. Новата средба на т.н. „Нормандиски формат“ е со цел да се заштити суверенитетот на Украина и да се намалат тензиите откако Русија го зголеми военото присуство на Крим за што тврди дека е подготовка за одбрана, а не закана за противниците.

Полуостровот беше анектиран во 2014 година што резултираше со вооружен конфликт и десетици илјади жртви.